Камен темелник на новата холандска фабрика за работна и заштитна облека VPTEX во средата е поставен во Општина Илинден. Камен темелникот го поставија премиерот Никола Груевски, министерот за финансии Зоран Ставрески, министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, амбасадорката на Холандија, Мариет Шурман, градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски и директорот на „Ван Пајнброк Текстил", Хјуб Зехвелд. Со поставувањето на овој камен темелник Општина Илинден му посака добредојде на 110-от инвеститор во една од деветте локални економски зони. Со поволната бизнис клима Општина Илинден со деветте локални економски зони прерасна во прва општина по инвестиции во земјава и треба да е пример за останатите.
Камен темелник на новата холандска фабрика за работна и заштитна облека VPTEX во средата е поставен во Општина Илинден.
Камен темелникот го поставија премиерот Никола Груевски, министерот за финансии Зоран Ставрески, министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, амбасадорката на Холандија, Мариет Шурман, градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски и директорот на „Ван Пајнброк Текстил", Хјуб Зехвелд.
Со поставувањето на овој камен темелник Општина Илинден му посака добредојде на 110-от инвеститор во една од деветте локални економски зони.
„Со поволната бизнис клима Општина Илинден со деветте локални економски зони прерасна во прва општина по инвестиции во земјава и треба да е пример за останатите", изјави во своето обраќање премиерот Никола Груевски.
Присутните, покрај другите, ги поздрави и градоначалникот Жика Стојановски кој не го криеше задоволството што бизнис семејството во Општина Илинден од ден на ден станува сé помногубројно.
„Инвестицијата на холандската компанија Ван Пајнброк текстил, за Општина Илинден значи голема придобивка, значи остварување на економскиот развој, намалување на стапката на невработеноста, пристап до нови технологии, пренесување на нови знаења. Побогати сме за уште една инвестиција, побројни сме со уште еден инвеститор, со уште еден фундамент за одржлив економски развој", истакна градоначалникот Стојановски.
Во првата фаза од изградбата на фабриката, што ќе се простира на површина од 2.500 метри квадратни, се вложени два милиона евра. Холандската компанија VTPEX на стартот отвора можност за 100 нови работни места, кои до крајот на проектот треба да се зголемат за уште 80 нови вработувања.
Компанијата VPTEX е основана во 1865 година, а за три години ќе одбележи 150 години од своето постоење.